Треба да се цени секој потег во врска со изрекувањето на казната, особено мора да се цени во духот на законот, фактот што Васил Јованов придонесе за ефикасно завршување на постапката и ја призна вината, беше кооперативен и соработуваше со судот и изрази најдлабоко можно каење, изјави бранителот на Васил, адвокатот Сашко Дуковски за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.
Сите сме свесни дека обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната, изјави адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова, Дарко Ал Блана, во изјава за медиуми по завршувањето на денешното рочиште во Основниот кривичен суд за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов.
Обвинетиот Васил Јованов (21) кој ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“, на денешното судско рочиште призна вина.