Американскиот претседател Доналд Трамп, на покана на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, денеска се сретна со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, соопшти портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит.
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе ги укине санкциите против Сирија, пред очекуваната средба со нејзиниот лидер Ахмед ал-Шара, јави Би-Би-Си. Трамп се согласи да се сретне со привремениот претседател на Сирија денеска во Саудиска Арабија, како дел од неговата турнеја низ Блискиот Исток, соопшти Белата куќа.