Како е секое лето, така и пред 10 години, во 2015 година, во Битола свечено беше отворено културното лето “Битфест“, а започна со концерт на Битолскиот камерен оркестар во Народниот театар во Битола, а тоа беше десетото јубилејно издание на Битолското културно лето, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
На свеченото отворање настапи Битолскиот камерен оркестар заедно со повеќе солисти изведоа концерт на филмска музика.Настапија: Димитар Андоновски, Ирена Димевска, Наде Талевска, Бојан Стојков, Ламбе Алабаковски, Нико Ѓоргиев и оперската дива Весна Гиновска.-Во организацијата на “Битфест“ во изминатата деценија откога постои културното лето, се вклучени сите национални културни институции заедно со Општината Битола и главниот покровител на Битолското културно лето, градоначалникот Владимир Талески, беше тогаш речено.