Мусиала се врати од пауза поради повреда и требаше да биде еден од главните играчи на Баерн Минхен во новата сезона, ја доби и десетката.
На Светското клупско првенство во тек е големото европско дерби меѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен, но фудбалот падна во втор план откако на самиот крај од првото полувреме дојде тешка повреда на Џамал Мусиала.
Младата ѕвезда на Баерн заработи фрактура на зглобот и сигурно ќе биде во аут со месеци, па иако добар дел од вината му се препишува на италијанскиот чувар на мрежата, мора да се нагласи дека Донарума немаше никаква намера да направи штета во дадената ситуација.
Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал Мусиала заработи сериозна повреда на ногата.