ПСЖ го победи Баерн Минхен во четвртфиналето на Светското клупско првенство, но мечот ќе остане запаметен по тешката повреда со која се здоби Џамал Мусијала.
Во четвртфиналето на Светското клупско првенство, ПСЖ го победи Баерн со 2:0, натпревар кој го обележа сериозната повреда на Џамал Мусиала.
Џанлуиџи Донарума се најде на удар на многу фудбалски портали и медиуми, кои сметаат дека Италијанецот бил многу невнимателен при стартот врз Џамал Мусиала, кој доживеа скршеница на коленото и ќе паузира неколку месеци.
Мусиала се здоби со тешка повреда, по што мораше да ја напушти играта на носилки, а преносот во тие моменти го следеше Алфонсо Дејвис.