Двајца португалски камионџии, кои директно сведочеле на трагичната несреќа во која животите ги загубија Диогу Жота (Ливерпул) и неговиот брат Андре Силва (Пенафиел), ја негираат официјалната верзија на шпанската Цивилна гарда дека возилото било управувано со прекумерна брзина, објави утрово шпанскиот национален дневен весник Marca.
Трагедија во сообраќајот: Загинаа фудбалерот Диого Жота и неговиот брат Тешка сообраќајна несреќа ја шокираше јавноста, при што животите ги загубија фудбалерот на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота (28), како и неговиот помлад брат Андре Силва (26). Инцидентот предизвика многу прашања и загриженост во светот на спортот.