По заминувањето од Далас Маверикс и доаѓањето во редовите на ЛА Лејкерс, најдобриот словенечки кошаркар Лука Дончиќ јасно сфати што е потребно за да остане во елитата на светската кошарка.
Управата на Лос Анџелес Лејкерс и словенечката суперѕвезда, Лука Дончиќ, пронајдоа заеднички јазик за продолжување на соработката, што значи дека доскорешниот играч на Далас добива четиригодишен договор, вреден дури 229 милиони евра.