Неверојатна случка го одбележа крајот на финалето на клупскиот мундијал во САД откако тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го удри напаѓачот на Челси, Бразилецот Жоао Педро.
Пред Луис Енрике да влезе во инцидентот, тоа беше само вербален дуел меѓу фудбалери на Челси и ПСЖ, но шпанскиот стратег реши да се справува и на физички начин, па го удри Жоао Педро кој падна на тревата.