Шпанското Министерство за социјални права побара од Канцеларијата на Државниот обвинител да поведе истрага против фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, по обвинувањата дека ангажирал лица со џуџест раст како дел од забавната програма за неговиот роденден, јави денеска Би-Би-Си. Јамал го прослави својот 18. роденден во неделата во изнајмена вила во Оливела, гратче на 50 километри северозападно од Барселона, во присуство на инфлуенсери, јутјубери и клупски соиграчи, а, исто така, ангажирал и луѓе со џуџест раст како дел од забавата.
Младиот фудбалер на Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал, се најде во центарот на жестоки критики поради контроверзната прослава на својот 18. роденден, на која биле ангажирани лица со хендикеп (џуџиња) како келнери, а девојки биле повикувани врз основа на обемот на градите.
Ламин Јамал изминатиот викенд наполни 18 години и неговиот роденденски чин предизвика многу реакции во Шпанија, но младиот фудбалер немаше многу време за уживање, бидејќи вечерта по славјето мораше да се појави на тренинг.