Македонскиот фудбалер и легенда на Динамо Загреб, Аријан Адеми (33), нема да може да настапи на големото дерби против Хајдук, кое денеска се игра од 16 часот на „Полјуд“, поради повреда Сепак, Адеми отпатува со тимот во Сплит за да им биде поддршка на своите соиграчи во натпреварот кој може да ја одреди судбината на најнеизвесната трка за титулата во Хрватска во последните години.
На четири кола пред крајот на хрватскиот шампионат, Ријека е лидер со 56 бодови, исто колку што има и второпласираниот Хајдук.