Фудбалерите на Вардар продолжуваат со одлична форма во вториот дел од сезоната, освојувајќи важни три бода на гостувањето против директниот ривал Шкупи, триумфирајќи со 0-2 во дербито на стадионот во Чаир. Sportski
Екипата на Вардар славеше со конечни 0-2 (0-1) на гостувањето кај Шкупи во дербито на 30. коло од Првата македонска лига и ја продолжи одличната низа од дури четиринаесет меча без пораз во сите конкуренции.
Првото полувреме започна со поголема иницијатива на домашниот тим, Шкупи се обидуваше да продре во шеснаесетникот на Вардар и во 2-3 наврати опасно нафрли пред голот на Талески, но без особен успех во завршницата. Gol