Луис Галван, поранешниот дефанзивец на аргентинската фудбалска репрезентација со која го освои Светското првенство на домашен терен во 1978 година, почина на 78-годишна возраст, соопшти денеска Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА). Галван неколку недели бил хоспитализиран во болница во Кордоба поради инфекција на бубрезите, а починал во понеделник.
Луис Адолфо Галван, поранешен фудбалски репрезентативец на Аргентина и член на шампионската генерација од 1978 година, почина во 78-та година по долгата борба со тешка пневмонија.