Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека освојувањето на Лигата на Европа е главна цел за клубот, со цел да се надомести разочарувачката сезона во Премиер лигата и да се израдуваат навивачите.
„Ѓаволите“ се пласираа во финалето на второто по квалитет европско натпреварување, откако во полуфиналниот двомеч го совлада Атлетик Билбао со вкупен резултат од 7-1. Финалето ќе се игра на 21 мај во Билбао, а противник ќе биде Тотнем.