ФИФА со цел поадекватна борба против расизмот во фудбалот предвиде нови мерки кои беа едногласно ревидирани од страна на Дисципинската комисија.
Светското првенство за жени ќе се префрли од формат со 32 екипи на 48 екипи од 2031 година, одлучи Меѓународната фудбалска централа (ФИФА). Одлуката беше донесена едногласно од Советот на ФИФА, кој го зеде предвид „извонредниот напредок на женскиот фудбал низ целиот свет“, објави седиштето пред својот 75-ти Конгрес, кој ќе се одржи во Асунсион (Парагвај). Првенството во 2031 година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, а жените ќе ги следат мажите, кои ќе играат во формат од 48 екипи од Светското првенство следната година во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.