Познатиот италијански тренер Карло Анчелоти дефинитивно ќе стане нов селектор на Бразил, потврди денеска Бразилската фудбалска конфедерација.
Откако прво еден од најдоверливите светски инсајдери, Давид Орнстеин, објави дека Анчелоти ќе ги започне своите должности како селектор на Бразил на 26 мај, односно за само две недели, сега стигна потврда и од Бразилската фудбалска конфедерација.
A maior Seleção da história do futebol agora será liderada pelo técnico mais vitorioso do mundo.
Carlo Ancelotti, sinônimo de conquistas históricas, foi anunciado nesta segunda-feira (12) pelo presidente da CBF, Ednaldo Rodrigues, como o novo técnico da Seleção Brasileira. Ekipa
„Најтрофејниот тим во историјата на фудбалот сега ќе го води најуспешниот тренер во светот.
Карло Анчелоти, синоним за историски достигнувања, беше објавен овој понеделник од претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, Едналдо Родригес, за нов селектор на репрезентацијата. Mk
Анчелоти имаше уште една сезона според договорот со Реал, но сега ја презема функцијата селектор на Бразил, каде што ќе дебитира во јуни кога „Селекао“ ќе играат против Еквадор и Парагвај во квалификациските натпревари за Светското првенство во 2026 година.
Бразил моментално е четврти во квалификациите за Светското првенство во Јужна Америка, а шесте најдобри репрезентации таму патуваат во Мексико, САД и Канада, додека седмопласираната екипа игра во дополнителни квалификации. Netpress
Славниот „Дон Карло“ го напушта и ќе добие нов, исклучително сериозен предизвик во кариерата.
65-годишниот стратег најпрво ќе има задача да го одведе тимот на Светското првенство, а за апетитите на петкратниот планетарен првак веројатно не треба да се трошат зборови. Gol
Carlo Ancelotti, sinônimo de conquistas históricas, foi anunciado nesta segunda-feira (12) pelo presidente da CBF, Ednaldo Rodrigues, como o novo técnico da Seleção Brasileira.
Ele… — CBF Futebol (@CBF_Futebol) Анчелоти освои 15 трофеи во двата мандата на клупата на Реал, а минатата сезона ги предводеше „Лос Бланкос“ до двојната круна – во Лигата на шампионите и во шпанското првенство. Fokus
Анчелоти потпишал договор со Бразил до почетокот на Светското првенство во САД во летото 2026 година, а ќе седне на клупата веќе следниот месец, кога Бразил ќе игра против Еквадор и Парагвај во рамки на светските квалификации.
За Анчелоти ова ќе биде прва селекторска работа во долгата тренерска кариера, бидејќи претходно ги тренерираше Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Наполи, Баерн Минхен, Евертон и Реал Мадрид во два мандати. Telma
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Ancelotti will start working for Brazil from the end of May.
Here we go! 🤝🏻 Анчелоти ќе стане првиот странски селектор во историјата на Бразил, бидејќи оваа репрезентација во својата долга историја почнувајќи од 1914 година досега никогаш не била водена од странец. Kajgana
Карло Анчелоти е нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација!
Карло Анчелоти ќе биде новиот селектор на бразилската фудбалска репрезентација, потврдено е од страна на сите инволвирани страни, објави попладнево Фабрицио Романо Информациите се дека повеќе нема никакви дилеми, Анчелоти го избрал и стручниот штаб со кој ќе работи, а сите документи се подготвени за потпис.
Новиот тренер на Реал Мадрид,Чаби Алонсо и официјално ќе ја преземе функцијата веднаш по завршувањето на сезоната, пренесува шпанскиот весник „Марка“.
Реал Мадрид има ново тренерско решение – Чаби Алонсо ќе го преземе кормилото на клубот од „Сантијаго Бернабеу“ и ќе го води тимот најмалку до јуни 2028 година.
Добри вести доаѓаат за навивачите на Реал Мадрид пред денешното „Ел Класико“ против Барселона (16:15 часот), а се однесуваат на еден од нивните најдобри играчи, Винисиус Жуниор.
Бразилецот ќе остане до 2030 година, ќе заработува 20 милиони годишно.
Баер Леверкузен во следниот период го чека реконструкција затоа што си заминува тренерот Чаби Алонсо, но и неколку ѕвезди меѓу кои се наоѓа и Флоријан Вирц.
Најголемиот талент во германскиот фудбал Флоријан Вирц летово извесно ќе го напушти Баер Леверкузен откако цела година се водеше жестока битка за неговиот потпис.
Барселона речиси ја обезбеди титулата во шпанската Ла Лига откако го победи Реал Мадрид со 4-3 во „Ел Класико“.
Барселона се приближува кон титулата во Шпанија по големиот пресврт против Реал Мадрид во „Ел Класико“ Барселона речиси ја обезбеди титулата во шпанската Ла Лига откако го победи Реал Мадрид со 4-3 во „Ел Класико“.