Новиот шампион Шкендија информираше дека нивната жалба е прифатена од страна на ФФМ, и натпреварот од последното коло против Силекс, закажан за 18. мај, на градскиот стадион во Тетово кога екипата ќе го подигне и шампионскиот трофеј, ќе биде со публика на навивачи.
Наместо првично изречената казна од пет мечеви без публика, тетовци ќе бидат суспендирани само четири натпревари, што значи дека натпреварот против Силекс, закажан за 18 мај на градскиот стадион во Тетово, ќе се одигра со присуство на гледачи.