Со заминувањето на Карло Анчелоти, се очекува назначувањето на Чаби Алонсо за нов тренер на Реал Мадрид, а информациите од Шпанија велат дека веќе екс-предводникот на Баер Леверкузен ќе ги предводи „кралевите“ и на Светското клупско првенство.
Чаби Алонсо, прославниот фудбалер, а сега и тренерот кој минатата сезона направи чудо со Баер Леверкузен постигнал договор за превземање на Реал Мадрид и тој ќе започне со работа пред почетокот на ФИФА Светското клупско првенство, објавија фудбалските „инсајдери“.