Повредата што ја претрпе напаѓачот на Нотингем Форест, Таиво Авонији, која се случи во неделата на натпреварот од 36-тото коло од Премиер лигата против Лестер Сити, доведе до медицински комплицирана состојба.
За потсетување, Авонији се удри од статива за време на еден од нападите.
Напаѓачот на Нотингем Форест, Авоњи се наоѓа во индуцирана кома и прима интензивна медицинска нега по итна операција поради тешка повреда на абдоменот, објавија синоќа британските медиуми. Sportski
Двократниот европски шампион Нотингем Форест конечно сезонава после долги децении е на прагот да го досонува сонот пак да настапи во Лига на шампиони или макар Лига Европа.
Со тоа ги разбудија и највозрасните навивачи и членови на клубот. Off
Поради ситуацијата со Авонији, по мечот дојде до жесток судир меѓу газдата на Нотингем Форест, Евангелос Маринакис и менаџерот Нуно Еспирито Санто.
Грчкиот милијардер го обвини Еспирито Санто и неговиот стручен штаб дека не донеле правилна одлука, туку требало веднаш да го испратат Авонији на прегледи со цел да не дојде до посериозни повреди. Sport1
Оваа сезона, 26-годишниот напаѓач одигра 26 натпревари за Нотингем Форест, постигнувајќи само еден погодок, при што најчесто влегуваше од клупата.
Против Лестер одигра само седум минути, пред да се повреди во 88-та минута, судрувајќи се со стативата по еден центаршут на Ентони Еланга. Telma
Ситуацијата секако беше влошена од фактот што играчот на Лестер кој го следеше, Факундо Буонаноте, даде дополнителна инерција со своето тело, со што ударот беше уште посилен.
Авонији остана да лежи на теренот, каде што му беше укажана прва помош, по што стана и го заврши натпреварот. Kanal5
Сопственикот на Форест, Евангелос Маринакис, го изрази своето разочарување што Авонији не беше заменет, а тренерот Нуно Еспирито Санто рече дека нигерискиот репрезентативец останал на теренот поради недоразбирање меѓу тренерскиот и медицинскиот тим.
Форест, кој заостанува бод зад петтопласираниот Челзи, в недела во претпоследното премиерлигашко коло му гостува на Вест Хем. Kanal5
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Уште едно сопнување за фудбалерите на Нотингем Форест може скапо да се плати.
Екипата на Болоња е освојувач на трофејот во Купот на Италија, откако минимално со 1:0 славеше над фаворизираниот Милан.
Првпат по 51 година, а вкупно трет пат во историјата, Болоња го освои трофејот во Купот на Италија.
Фудбалерките на третпат во низа го освоија трофејот во Купот на , откако славеа во финалето против Тиверија Брера со 3-0 (1-0). Натпреварот се одигра на еден од терените при Фудбалската федерација на Македонија, а го реши нигериската напаѓачка на тетовчанки Огочукву Охадиле со два погодоци.
Финалето од Купот на Македонија за жени меѓу Љуботен и Тиверија Брера ќе се одигра во среда (14. мај), со почеток во 14 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Ханси Флик не го крие задоволството откако со последната победа над Реал Мадрид неговиот тим се наоѓа на чекор на титулата.
Барселона и Реал Мадрид одиграа уште еден спектакуларен натпревар, а Каталонците победија со 4:3 по пресврт.
Еден од најдобрите тренери на сите времиња, Фабио Капело зборуваше за Ламин Јамал објаснувајќи зошто според него тинејџерот не може да биде споредуван со Меси или Марадона.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело, истакна дека Ламин Јамал заслужува да ја освои златната топка, но дека не може да се спореди со најголемите фудбалери на сите времиња.