Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти наскоро официјално ќе биде назначен за нов селектор на Бразил, а медиумите во оваа јужноамериканска држава тврдат дека тој веќе го посочил човекот кој сака да му биде асистент во националниот тим.
Италијанскиот стручњак им бил тренер на повеќе од 40 бразилски играчи за време на клупската кариера Бразилската фудбалска асоцијација (ЦБФ) објави историско соопштение дека Карло Анчелоти ќе ја преземе функцијата селектор на репрезентацијата, со што најуспешната селекција во историјата на светските првенства (СП) ќе биде раководена од првиот тренер што освоил домашни титули во секоја од петте најсилни европски лиги, пишува Светската фудбалска федерација (ФИФА), која разгледа неколку клучни точки за врските на Анчелоти со бразилскиот фудбал и за она што претстои во ова ново партнерство.