Третото место настап во квалификациите за Лигата на шампионите го потврди Феенорд, и покрај поразот од Херенвен, додека Утрехт ја заврши сезоната на четвртата позиција (квалификации за Лигата на Европа). Седмопласираните „Го Ахед Иглс“ обезбедија учество во ЛЕ со освојувањето на Купот, што значи дека АЗ, Твенте, НЕК Најмеген и Херенвен ќе играат во баражот за европски квалификации.