Манчестер Сити ја игра најтешката сезона под водство на тренерот Пеп Гвардиола — не беше кандидат за шампионската титула, релативно рано беше елиминиран од Лигата на шампионите и Лига купот, па финалето на ФА Купот против Кристал Палас, закажано за сабота, 17 мај (17:30 часот), останува единствената шанса за трофеј во натпреварувачката сезона 2024/25. На шпанскиот стратег, освојување на барем еден трофеј му побегна само во првата сезона на Островот (2016/17), а сега ќе се соочи со гладниот лондонски клуб, кој двапати има загубено финалиња во најстарото фудбалско натпреварување (1990 и 2016) и кој е решен да направи чудо. Gol