Вардар и Струга ТЛ ќе се сретнат во големото финале од Купот на Македонија закажано за 21 мај во 20 часот, а интересно е што во судискиот тим ќе бидат вклучени и арбитри од Србија.
Имено, ВАР-технологијата ќе дебитира на еден домашен натпревар во мак-фудбалот, а бидејќи нашите судии се уште се во фаза на обука, одлучено е во ВАР собата да се најдат двајца арбитри од северниот сосед, и тоа Новак Симовиќ од Нови Сад и Урош Стојковиќ од Белград. Ekipa
Познати се судиите кои ќе го судат финалето од Купот на Македонија меѓу Вардар и Струга Трим Лум кое се игра во Скопје на 21 мај. Gol