Facbook / Paul Labile Pogba Францускиот фудбалер Пол Погба, чија суспензија поради допинг неодамна истече, е блиску до потпишување договор со тимот на Монако, објави Би-Би-Си. 32-годишниот играч од средниот ред преговара за двегодишен договор со Монако, а потврдата се очекува во наредните денови.
Најпознатиот експерт за трансфери Фабрицио Романо објави дека денеска била испратена понуда до Погба за двегодишна соработка.