Немаше погодоци на отворањето на Светското клупско првенство, натпреварот меѓу Интер Мајами и Ал Ахли заврши 0-0. Највиновен за тоа е голманот на Интер Мајами, Устари кој имаше неколку фантастични одбрани, фати и пенал, на крајот беше прогласен за играч на натпреварот. 24fudbal
Можеби Светското клупско првенство не ни даде голови на самиот почеток, бидејќи средбата во Мајами помеѓу Интер од истиот град и Ал Ахли од Египет заврши со резултат 0:0, но можевме да видиме многу интересни лица на трибините.
Меѓу другото, целото семејство на Лео Меси, предводено од неговата сопруга Антонела Рокуцо, која често е во центарот на вниманието на јавноста со својот изглед, се собра на трибините на стадионот „Хард Рок“ во Мајами.Овојпат, таа дојде на стадионот во дрес од специјално издание на Интер Мајами со презимето на Меси на задната страна, заедно со нејзините синови, кои внимателно го следеа секој чекор на својот татко на теренот. Puls24