Поранешниот дефанзивец на Јувентус и италијанската репрезентација, Леонардо Бонучи, објави фотографија со фудбалерката на Манчестер сити и англиска репрезентативка, Стефани Хотон, врз која стартуваше жестоко на добротворен натпревар во Манчестер.
На „Олд Трафорд“ се одржа добротворен натпревар на „Сокер Еид“ во кој учествуваа поранешни фудбалери, фудбалерки и поп-ѕвезди, а еден старт на познатиот Леонардо Бонучи на натпреварот наиде на негодување од јавноста ширум светот.