Управниот одбор при Фудбалската федерација на Македонија ги усвои календарите за Прва, Втора МФЛ и сениорското Куп натпреварување во натпреварувачката сезона 2025/26. Натпреварите од Првата македонска фудбалска лига во претстојната сезона ќе бидат распоредени во текот на три дена од викендите (петок, сабота и недела), Втора МФЛ ќе се игра во сабота, а Куп натпреварувањата во текот на работната недела (вторник, среда или четврток). Есенскиот дел од Прва МФЛ започнува на 8 август, ќе се играат натпревари и на 9 и 10 август, Жрепката за двојките ќе биде извршена дополнително.
Управниот одбор го усвои календарот за Прва, Втора МФЛ и сениорското Куп натпреварување во натпреварувачката сезона 2025/26. Натпреварите од Прва МФЛ ќе бидат распоредени во текот на три дена од викендите (петок, сабота и недела), ќе има и телевизиски преноси на Арена и МРТВ.