Шпанскиот фудбалски гигант Барселона постигна договор за личните услови со крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, но сè уште има пречки што треба да се надминат за да се реализира трансферот, објави денеска британскиот сервис Би-Би-Си. За Нико Вилијамс ова лето интерес покажуваат и Арсенал и Баерн Минхен, но 22-годишниот шпански репрезентативец се согласи на шестгодишен договор со Барселона, во кој треба да му се придружи на блискиот пријател и соиграч од репрезентацијата, Ламин Јамал.