Килијан Мбапе кој вчера беше хоспитализиран, се врати во тренинг кампот на Реал Мадрид и таму ја продолжува рехабилитацијата.
Реал Мадрид објави нови информации за состојбата на МбапеРеал Мадрид информира дека нивниот напаѓач, францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, е пуштен од болницата во Мајами каде што беше примен во четвртокот поради гастроентеритис, кој го доби на Светското клупско првенство што се одвива во САД.
Реал Мадрид и Ал Хилал, на „Хард Рок“ стадионот во Мајами, одиграа 1:1 во првиот натпревар во Х групата, на Светското клупско првенство.
Реал Мадрид освои само еден бод во својот прв натпревар под водство на новиот тренер Шаби Алонсо, кој со тоа стана само четвртиот тренер на тимот од Мадрид кој ремизирал во својот прв натпревар на клупата за овој клуб.