Има 29 години, никогаш не бил главен тренер: Сега ќе го води клубот во Серија АИталијанскиот прволигаш Парма ангажираше нов тренер на својот прв тим 29-годишниот Шпанец Карлос Куеста.
Со доаѓањето во Парма, шпански стратег влезе во историјата како најмлад тренер во една од петте најсилни лиги во Европа (Италија, Франција, Германија, Шпанија, Англија). Во последните пет години, Куеста беше помошник тренер во Арсенал, а на клупата на Парма, со која потпиша двегодишен договор, го замени Кристијан Киву, кој го презеде Интер.