Иако играчот на Црвените ѓаволи не смета дека тоа е пречка за негово доаѓање на „Камп ноу“, бидејќи може да игра на сите позиции во нападот, раководството на Барселона засега не започнало никакви разговори за евентуален трансфер.Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, сака да го има Рашфорд во својот состав, но не како замена за Александер Исак, кого се надева дека ќе го задржи на „Сент Џејмс парк“, туку како играч кој ќе се ротира со шведскиот напаѓач, имајќи предвид дека тимот следната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите.Њукасл би сакал да го доведе Рашфорд на позајмица, но Манчестер јунајтед претпочита постојан трансфер. Sportmanija