Фото: ЕПА Редовната сезона треба да почне на 30 септември, ќе се зголеми од 34 на 38 кола, натпреварот за третото место веќе нема да се игра на фајналфор-турнирот… Кошаркарската Евролига во идната сезона ќе има рекордни 20 клуба (досега играа 18), донесе неколку измени во календарот и донесе правила што имаат цел да обезбедат финансиска одржливост, да промовираат фер игра и да одржуваат конкурентна рамнотежа.
Генералното собрание на Евролигата и нејзините клубови кои се косопственици на натпреварувањето, официјално ги потврдија сите учесници за сезоната 2025/26. Официјално е потврдено учеството на екипата на Дубаи, која добива петгодишна „вајлд-карта“, додека истото важи за Црвена Звезда, Партизан, Валенсија и Виртус Болоња, кои добија тригодишна „влезница“ за елитата.