Интер забележа тешка победа над Ривер Плата (2-0), но успеа да дојде до првото место во групата, а со тоа и до осминафинален меч против Флуминензе на Светското клупско првенство во САД.
Екипата од Милано релативно доцна го скрши отпорот на противникот, откако Ривер Плата веќе имаше играч помалку на теренот.„Натпреварот се одигра со многу карактер и желба за победа, за да ја постигнеме нашата цел, иако во првото полувреме бевме малку изненадени од нивниот интензитет, агресија и притисок… Можеби играчите не беа толку подготвени на почетокот, но потоа во второто полувреме го подигнавме нивото на интензитет… затоа што сме силни, имаме играчи кои можат да играат вакви натпревари.