Лука Модриќ, 39-годишниот капитен и легенда на Реал Мадрид, ги минува последните денови во дресот на „кралскиот клуб“ на Светското клупско првенство во САД.
Паралелно со настапот на Светското клупско првенство, Реал Мадрид ги крои плановите за наредната сезона, а покрај креирањето на новиот тим, треба да се одлучи и кој ќе го добие тешкиот број 10 кој ќе го остави Лука Модриќ.