Каталонскиот фудбалски гигант Барселона реши на симболичен и историски начин да го одбележи 18. роденден на својот бисер – Ламин Јамал.
Шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал, кој во јули ќе го прослави својот 18 роденден, ќе го носи легендарниот дрес на Барселона со број 10, со кој во минатото настапуваше Аргентинецот Лионел Меси.