Eмоциите беа пресилни: Газдата на Ал Хилал како мало дете плачеше на трибините (Видео)Претседателот на Ал-Хилал, Фахад бин Нафел, не можеше да ги прикрие емоциите и беше снимен како плаче на трибините по победата на неговиот тим против Манчестер Сити со 4:3 во осминафиналето на Светското клупско првенство.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов Фудбалерите на Ал Хилал приредија големо изненадување на Светското клупско првенство, откако во осминафиналето го елиминираа Манчестер Сити по продолженија – 4:3! Така, саудискиот клуб во следната фаза на натпреварувањето закажа дуел со бразилскиот Флуминенсе, кој, исто така, сите ги изненади и го елиминираше Интер од Милано (1:0), поранешниот клуб на сегашниот тренер на Ал Хилал – Симеоне Инзаги.