Велкоски е 29-годишен дефанзивец и во Дебар Маало пристигнува како слободен фудбалер, а последниот ангажман го заврши во јануари кога го напушти казахстанскиот Туран.
Кариерата ја започна во Вардар, а беше дел уште од: Љубанци, Победа, Скопје и Брегалница во Македонија, додека во странство настапуваше уште за Егиниакос (Грција) и Лачи (Албнија). Ќе потсетиме, Работнички во квалификациите за Конференциската лига го чека двомеч против Toрпедо Белаз од Белорусија.