Семејството Белингам, фудбалска Англија и милиони љубители на фудбалот низ светот посакуваа четвртфинале на Светското клупско помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, такво четвртфинале ќе има, но на сите кои посакуваа вакво сценарио, им се „скрши филмот“.Желбата беше на терен да има дуел помеѓу браќата Џуд (игра за Реал) и Џоб (игра за Борусија), но помладиот брат Џоб доби жолт картон во првото полувреме на осминафиналето против Монтереј, негов втор картон на СКП, и доби суспензија од еден меч, и нема да игра против брат му и Кралскиот клуб.
Реал Мадрид и Борусија Дортмунд синоќа ја оправдаа фаворитската улога и се пласираа меѓу осумте најдобро на Светското клупско првенство каде ќе имаат меѓусебен дуел.