Утрово голема трагедија ја потресе фудбалска Европа.
„Диого Жота патувал со автомобил со својот брат бидејќи му било советувано да не користи авион по операцијата на белите дробови што ја имал“, објавија медиумите во Португалија и Англија.
Актуелниот фудбалер на Ливерпул Диого Жота на 28-годишна возраст денес загина во сообраќајна несреќа.
Диого Жота трагично го загуби животот во автомобилска несреќа заедно со својот брат Андре Силва, а португалските медиуми обелоденија дека фудбалерот бил тргнат на пат кон Ливерпул пред да се случи големата трагедија.