Фудбалерот на Челси, Нони Мадуеке, направи голем чекор кон преселба во редовите на Арсенал, откако, според последните информации, ги прифатил личните услови понудени од „топчиите“.
На крилниот напаѓач му се допаднал проектот кој му го претставиле од Арсенал, а неговите менаџери во краток рок постигнале договор со лондонскиот ривал.