Парижаните обезбедија полуфинале на Светското клупско првенство, но денешната победа над Баерн (М) од 2:0 ќе остане запаметена и по прославата на голот на усман дембеле.
Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, после голот кој го постигна вечерва против Баерн, реши прославата да му ја посвети на Диого Жота, имитирајќи го покојниот Португалец кој денеска беше погребан, а неговата ненадејна и трагична смрт го шокираше светот.