Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, успешно е опериран по фрактурата што ја доби за време на Светското клупско првенство во САД, соопштија од клубот.
Младата ѕвезда на Баерн заработи фрактура на зглобот и сигурно ќе биде во аут со месеци, па иако добар дел од вината му се препишува на италијанскиот чувар на мрежата, мора да се нагласи дека Донарума немаше никаква намера да направи штета во дадената ситуација.
Во четвртфиналето на Светското клупско првенство, ПСЖ го победи Баерн со резултат од 2:0, а натпреварот беше обележан со сериозна повреда на Џамал Мусијала.
ПСЖ влезе во полуфиналето на Светското клупско првенство.