Лука Модриќ (39) го одигра својот последен натпревар за Реал.
Се очекуваше натпреварот помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид да биде многу понеизвесен натпревар, но на крајот сè беше решено по 25 минути од натпреварот кога европскиот првак поведе со 3-0, а потоа во самиот финиш од натпреварот Рамос стапи на сцена и ги постави конечните 4-0. Сепак, главна тема по натпреварот во Њујорк беше хрватскиот играч од средниот ред Лука Модриќ, кој синоќа го одигра својот последен натпревар во дресот на Реал Мадрид.
Mодриќ го одигра последниот натпревар за Реал Мадри, заминува како една од најголемите легендиКапитенот на хрватската репрезентација и најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, синоќа го одигра својот последен натпревар за кралскиот клуб во соочувањето со ПСЖ (0:4). Во текот на 13-те сезони што ги помина во Реал, Модриќ успеа да освои сè што може да се освои, стекнувајќи дури 28 трофеи и станувајќи најтрофејниот играч во историјата на овој славен клуб.