Лука Модриќ (39) го одигра својот последен натпревар за Реал.
Се очекуваше натпреварот помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид да биде многу понеизвесен натпревар, но на крајот сè беше решено по 25 минути од натпреварот кога европскиот првак поведе со 3-0, а потоа во самиот финиш од натпреварот Рамос стапи на сцена и ги постави конечните 4-0. Сепак, главна тема по натпреварот во Њујорк беше хрватскиот играч од средниот ред Лука Модриќ, кој синоќа го одигра својот последен натпревар во дресот на Реал Мадрид.
Нема веќе дилеми: Модриќ го облекува дресот на МиланЛука Модриќ и официјално е нов фудбалер на италијанскиот гигант – Милан.