Екипата на Ла Фиорита го дочекува Вардар во реваншот од Конференциската лига на УЕФА, но се наоѓа во подредена ситуација затоа што загуби со три гола негатива во Скопје (0-3). Свесен за тешката позиција е тренерот Стефано Чеци, кој ја најави средбата со барање до своите играчи да бидат похрабри.
ЕКИПА во Сан Марино Горан Бошев Педесетина фанови од навивачката група „Комити“, пристигнаа во Сан Марино и се стационираа на трибините, од каде ќе го бодрат Вардар, кој денеска ќе треба да го завери пласманот во 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции.