Тренерот на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг, се огласи со пофални зборови за бразилскиот офанзивец Антони, со кого соработуваше во Ајакс и Манчестер јунајтед, но нагласи дека засега нема намера да го донесе во германскиот клуб.
Германскиот вицешампион Баер во новата сезона ќе влезе со Ерик Тен Хаг на тренерската клупа, но ако денот по утрото се познава, не му се најавува блескава сезона.