Гери Линекер е последниот англиски фудбалер кој играл за Барселона, но речиси четири децении подоцна, славниот напаѓач ќе добие свој наследник на „Камп Ноу“.
Англискиот напаѓач, Маркус Рашфорд, во текот на следната недела ќе биде промовиран во нов член на Барселона, откако двете страни најдоа заеднички јазик за меѓусебните услови.