Реал Мадрид мора да донесе четири важни одлуки ова лето, од кои една разреши денеска, пишува шпански АС. Договорите на Тибо Куртоа, Дани Карвахал, Антонио Ридигер и Давид Алаба истекуваат во 2026 година, па затоа треба добро да се одлучи како ќе се продолжи со овие фудбалери.
Раководството на Реал Мадрид работи на засилување на играчкиот кадар, но паралелно со тие напори „кралевите“ завршија одлична работа успевајќи да ја продолжат соработката со Тибо Куртоа.