Според наводите на реномираниот бразилски портал UOL Esporte, Барселона не планира да застане само со доаѓањето на Маркус Рашфорд – Каталонците, всушност, воспоставиле контакт со претставниците на бразилскиот репрезентативец Родриго, кој во моментов го носи дресот на најголемиот ривал – Реал Мадрид.
Шпанскиот шампион Барселона планира да се засили со уште неколку фудбалери до крајот на летниот преоден рок, а еден од нив би можел да биде Родриго од Реал Мадрид.