Арсенал веќе договори четири играчи за престојната сезона, меѓутоа се уште се чека на вистинската „бомба“, засилување во напаѓачката линија, играч кој е чиста деветка.
Изборот на „топчиите“ е Виктор Ѓокереш, Швеѓанецот според информаците веќе дал зелено светло, но Арсенал се уште не успева да го „скрши отпорот“ на Спортинг.
И сè уште бараме засилувања.
Што се однесува до бројките, ни недостасуваат играчи и треба да ја подобриме длабочината и квалитетот на тимот. Kanal5
Арсенал чекаше, долго преговараше, но на крајот успеа да го осигура најважниот потпис летово, постигнувајќи целосен договор со Спортинг Лисабон за Виктор Ѓокереш.
Шведскиот голгетер тргна во штрајк и воопшто не се појави на подготовките на португалскиот тим и доби казна поради тоа, воедно и дополнително ги налути челниците на Спортинг кои продолжија да одолговлекуваат во преговорите. Ekipa
Ова претставува значително засилување за тимот на Микел Артета пред почетокот на новата сезона.
Според информациите, трансферот е вреден 63,5 милиони евра како фиксна сума, со дополнителни 10 милиони евра во форма на бонуси, зависно од учинокот на играчот. Sportski
Клучно беше што агентот на голгетерот ја намали својата провизија што требаше да му биде исплатена од Португалците, по што конечно беше дадено зелено светло.
Се очекува голгетерот веќе утре да ги мине лекарските прегледи и да потпише за Арсенал, по што ќе отпатува за да му се приклучи на тимот на Микел Артета. Ekipa
Ѓекереш двапати го одби Манчестер Јунајтед и до последен момент остана верен на изборот кој го направил, а благодарение на неговото инсистирање, Арсенал конечно успеа да добие елитен напаѓач од светска класа.
Спортинг ја прифатил последната понуда која пристигнала на нивна адреса во текот на денешниот ден, откако фудбалерот претходно веќе ги договорил сите услови за потпис на петгодишен договор. Derbi
Арсенал ќе исплати 63,5 милиони евра наеднаш, додека дополнителните 10 милиони евра ќе се покријат преку бонуси кои зависат од успехот на играчот и тимот.
Напредокот во преговорите дојде по нeколкудневни преговори за структурата и реализацијата на бонусите. Sportski
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Ѓокереш блескаше во дресот на Спортинг, каде што во минатата сезона постигна 43 гола во сите натпреварувања и стана еден од најбараните напаѓачи во Европа.
Фото: Принтскрин. Sportski
Манчестер јунајтед по долги преговори со Брентфорд конечно го договори трансферот на Брајан Мбеумо, а англиските медиуми објавија статистика според која може да се забележи дека тој бил подобар заедно од сите напаѓачи заедно на „црвените ѓаволи“.
Манчестер Јунајтед официјално го претстави Брајан Мбемо како свој играч.
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и сегашен член на Монако, Пол Погба даде свој коментар за најавениот трансфер на Маркус Рашфорд во Барселона.
Маркус Рашфорд е на добар пат да стави крај на својата авантура во Манчестер Јунајтед, и тоа во операција со која ќе може да си обезбеди пераментен трансфер наредното лето.
Давид де Хеа (34), шпанскиот голман кој пронајде нова среќа во Фиорентина по една деценија во Манчестер Јунајтед, доживува втора младост.
Давид Де Хеа повторно се чувствува како важен играч во едно фудбалско опкружување и тоа е од круцијална важност за секој член на највисоко професионално ниво, нешто што во дадената ситуација му беше овозможено од Фиорентина, клуб кој му подаде рака во најтешките моменти од кариерата.
Шкендија има предност од 1-0 против романскиот шампион ФЦСБ на првиот натпревар од 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Вечерва се игра првиот меч меѓу Шкендија и ФЦСБ (Стеауа) во квалификациите за Лигата на шампионите.
Македонскиот фудбалски првак Шкендија направи подвиг, дома ја победи романска ФЦСБ (1-0) и на гостински терен во Букурешт ќе игра за историски подвиг.
Контроверзниот бизнисмен Џиџи Бекали отпиша двајца фудбалери на ФЦСБ по поразот од Шкендија во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ). Романскиот медиум „ДигиСпорт“ објави дека Бекали им се налутил на капитените Дариус Олару и Раду Шут поради нивните очајни настапи против тетовскиот тим, па поради тоа наредил да бидат заменети во 63. минута.
Џиџи Бекали беше убеден дека ФЦСБ ќе има лесна мисија во Скопје, но откако тоа не се оствари и неговиот тим претрпе пораз, сопственикот на романскиот првак бил прилично остар во својата анализа.