Колумбискиот фудбалер Луис Дијаз веќе неколку недели е мета на критики меѓу навивачите на Ливерпул бидејќи не се појави на погребот на својот соиграч Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, а само неколку дена подоцна јасно стави до знаење дека сака да го напушти клубот.
Барселона го посакуваше Никo Вилијамс и не успеа, сега го сака Луис Дијаз и според сите показатели нема да успее бидејќи раководството на каталонскиот клуб постави ограничување од 60 милиони евра, колку што е подготвено да плати за ослободување на Колумбиецот, пренесува „Mundo Deportivo“.